Д-р. Александра Грозданова, претседател на комитетот за имуизација во С.Македонија, во своето гостување во 24 анализа, посочи колку здравствени работници ќе бидат потребни од направениот опис и попис за едукацијата потребна за процесот на вакцинацијата.
„Го имавме првиот состанок наменет за оваа логистичка и едукативна кампања. Имавме состанок со директорите на здравствените домови. Капацитетите ги имаме каде и во моментов имаме имунизација. Располагаме со точни бројки на здравствени работници. На секој од сегментите во рамки на вакцинацијата ќе треба да се реагира. Не очекувам преголем број на едукација, бидејќи ова е секојдневие на работниците кои работат на имунизацијата. Во почетокот на следната година, очекуваме процес на почеток на вакцинацијата“, вели Грозданова
На новинарско прашање, кога да ги очекуваме првите дози на вакцини, со оглед на тоа дека Британија започнува од утре со вакцинацијата, официјална Софија пак, од пред Нова Година, Грозданова вели:
„Неблагодарни се сите овие информации од регионот кои ги добиваме. Влегуваме во глобална набавка преку Ковакс механизмот. Се очекува административното одобрување да биде во следните две недели. Но, очекуваме дистрибуцијата да се случи во јануари. Па така, од февруари во Европа е реално очекувана глобалнатта дистрибуција“.
До крајот на 2021. година, Грозданова вели дека очекува 70% вакцинирано население, односно градење на т.н. колективен имунитет.