275
Светската здравствена организација (СЗО) досега немаше контакт со идната администрација на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.
„Соединетите држави се во транзиција и тимот не е целосно формиран, така што не може да има формални или организирани разговори кога тие се во транзиција“, рече Тедрос на прес-конференција, објави Ројтерс.