Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа од последици на коронавирусот животот го загубија 25 лица.
Од нив дванаесет пациенти се од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г).
Од нив, двајца се починати вон, останатисе се починати во болнички услови.
За една недела, од Ковид-19 во земјава починаа вкупно 218 лица.