Османи: За идентитетот и јазикот не се преговара, Албанците ќе останат лојални до крај

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Идентитетот е црвена линија и за тоа нема право никој да преговара, изјави вечерва во за ТВ21, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Идентитетот, јазикот се црвените линии, како за македонците, така и за нас (албанците). Ова се црвените линии и за ова нема право никој да преговара“, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

„Ние Албанците, заедно со македонските граѓани, градиме заедничка иднина. Албанците ќе останат лојални до крај. Веќе покажавме дека заедно можеме да направиме големи работи, сега е време за солидаризација за подобра иднина. Верувам дека и опозицијата ќе биде поконструктицна во оваа насока“, потенцираше Османи.