Јануш Бугајски од „Фондацијата Џејмстаун“ вели дека секој обид за промена на границите и размена на територии на Западен Балкан би бил во интерес и корист само на Русија и националистите во регионот.
Тој пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, што се одржува денес и е посветен на давање препораки на новата американска администрација за американската политика кон регионот, изјави дека промената на границите и размената на територии само ќе им овозможи на националистите и сепаратистите да бараат отцепување во земјите од регионот и дека е многу тешко да се замисли како воопшто тоа би изгледало.
– Би се создал хаос од кој ќе има корист само Русија. И националистите. Мислам дека не е добра идеја – нагласува Бугајски.
Тој посочи дека трупите на НАТО не треба да се повлекуваат од Косово, сè додека Косово не стане дел од НАТО, што треба да се случи.
Исто така, додава тој, треба да се работи на оддалечување на Србија од руското влијание и посочи дека ова ќе ја зајакне стабилноста на регионот.