Ковид пресек: Овие градови имаат најголем број активни преносители на вирусот

од Берта Китинска
206 прегледи

Според податоците на Институтот за јавно здравје минатата недела има намалување на бројот на смртни и новодијагностицирани случаи.

Во 20 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во 4 градови се забележува минимално, додека во останатите поголемо процентуално зголемување на бројот на новозаболени.

Според вчерашната статистика најголем број активни случаи има во овие градови:

Скопје 30085, активни 10969

Тетово 4182, активни 1007

Прилеп 3435, активни 974

Битола 2462, активни 906

Гостивар 2920, активни 929

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 5.498,1 на 100.000 жители, Скопје (4.788,3/100.000), Свети Николе (4.465,7/100.000), Прилеп (3.549,2/100.000), Кавадарци (3.432,2/100.000) и Велес (3.376,2/100.000), инциденца под  1.500 заболени на 100.000 жители е регистрирана само во Радовиш.

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Слични содржини