Фудбалската репрезентација на Косово не можеше да биде во групата со Србија, па беше префрлена во Б групата квалификации за Светското првенство во Катар. Сепак, тука може да има проблеми, како што пишуваат германските медиуми.
Фудбалерите на Косово ќе играат за место на СП 2022 против селекциите на Шпанија, Шведска, Грција и Грузија, беше одлучено со ждрепка во Цирих.
Германски „Спорт1“ пишува дека шпанските фудбалери нема да сакаат да играат против споменатата репрезентација.
Понатаму се наведува дека и Грузија и Грција можат да одбијат, бидејќи нивните земји, како Шпанија, исто така, не ја признаваат независноста на Косово.
„Шпанската влада не дозволува својата репрезентација да се натпреварува против Косово. Оваа забрана постои поради бројните паралели во врска со барањата на Каталонија за независност, а Шпанија е на страната на Србија веќе неколку години“, пишува „Спорт1“.
Србија и Косово не може да играат меѓу себе, но сега ФИФА се соочува со нови предизвици.