„Ние навистина ви подаваме рака за наоѓање на решенија кои се заемно прифатливи и трајни и да го отворите патот за нови односи. Довербата им даде сила на двајцата премиери да преговараат и да го потпишеме овој договор. Па се надевам, господине Бучковски, дека работите за кои разговаравме денес ќе бидат ценети, дека обидите да се објасни она што не сте подготвени да го сторите, ќе бидат запрени и ќе најдеме начин да го направиме заедно она што останува“, изјавила министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева на денешната заедничка прес-конференција во Софија.
Според неа, да се биде членка на ЕУ значи дека треба да се придржувате кон вашите билатерални или мултилатерални договори.
„Ако сакате да станете член на едно емејство, апсурдно е да сакате да се зачлените, а да ги дискредитирате членовите на тоа семејство. Целта на проширувањето е да се направи ЕУ посилна, а не послаба. Подготвени сме да работиме, да најдеме решение за надминување на оваа акумулација на недоверба и да бидеме вистински членови на ова семејство“, посочила Захариева.