Модел на швајцарско сирење – најефикасна одбрана од корона

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Среде светската приказна број еден – како да се победи коронавирусот, експертите повикуваат на одбрана од пандемијата со помош на „моделот на швајцарско сирење“.

Метафората на „швајцарско сирење“ не е тешко да се разбере – повеќе слоеви на заштита, замислени како парчиња сирење, го блокираат ширењето на коронавирусот. Ниту едно парче не е совршено, секое има дупки, а кога дупките се порамнуваат, ризикот од инфекција се зголемува, пишува „Њу Јорк Тајмс“.

Сепак, со комбинирани неколку слоеви – социјално растојание, плус маски, плус миење раце, плус тестирање и следење, плус вентилација, плус препораки на владата – вкупниот ризик е значително намален. Вакцинацијата ќе додаде уште еден заштитен слој.

„Наскоро ќе создадете непробојна бариера и навистина ќе можете да го запрете пренесувањето на вирусот. Но, сите тие работи се потребни, не само една од нив. Мислам дека токму тоа е проблем за луѓето да го сфатат. Ние сакаме да веруваме дека ќе дојде еден магичен ден кога 300 милиони дози од вакцината ќе бидат достапни одеднаш, и можеме да се вратиме на работа, и работите ќе се вратат во нормала. Тоа апсолутно нема да се случи брзо“, рече д-р Џули Гербердинг, извршен потпретседател на фармацевтската корпорација Мерк, која е експерт за заразни болести и беше директор на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Таа додаде дека сè додека вакцините не станат широко користени, ќе мора да носиме маски и да се придржуваме до другите мерки за заштита.

Концептот за „швајцарско сирење“ беше воведен од когнитивниот психолог Џејмс Т. Ризон во неговата книга „Човечка грешка“ од 1990 година.

Слични содржини