Откако Манчестер Јунајтед испадна од Лигата на шампионите и ќе мора да игра во Лигата на Европа, поранешниот менаџер на клубот Жозе Мурињо смета дека тимот на Оле Гунар Солскјер има голема шанса да го подигне трофејот. Во битка е и Тотенхем на Специјалниот, кој обезбеди пласман во 1/16-финалето.
„Секако, сега Манчестер Јунајтед е еден од фаворитите за триумф во Лигата на Европа. Екипите кои доаѓаат од Лигата на шампионите се секогаш силни. Тие генерално не се за нивото на Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ беа во многу тешка група и знаевме дека нема да биде лесно за ниту една екипа во неа“, изјави Мурињо.
Во вторникот, Јунајтед загуби со 2:3 од РБ (Лајпциг) и остана на третото место во својата група.
Португалецот зборуваше и за скандалот со четвртиот судија на мечот меѓу Пари Сен Жермен и Истанбул Башакшехир.
„Се разбира, ова е недозволива грешка од страна на овој арбитер. Сега тој мора да се извини и да сноси последици. Сите ние во општеството имаме одговорност“, рече Жозе.