Медицинскиот регулаторен орган на Обединетото Кралство ги советува луѓето со историја на посериозни алергии да не примаат вакцината на „Фајзер“/„Бајонтек“ против коронавирус, откако две лица пријавија сериозни несакани ефекти првиот ден по вакцинацијата.
Почнувајќи од стари лица и здравствени работници, Велика Британија започна масовно вакцинирање на населението во вторникот, како дел од глобалното движење што претставува еден од најголемите логистички предизвици во историјата.
Медицинскиот директор на Националната здравствена служба (НХС) Стивен Пауис рече дека советот поврзан со вакцините се сменил откако двајца службеници на НХС пријавиле анафилактоидни реакции поврзани со примање на вакцината, објави Ројтерс
„Како што е вообичаено за новите вакцини, МХРА (регулатор) препорача како претпазливост луѓето со значителна историја на алергиски реакции да не ја примаат оваа вакцина, откако вчера две лица со историја на значителни алергиски реакции реагираа негативно“, рече Пауис.
МХРА соопшти дека ќе бара дополнителни информации, а „Фајзер“ и „Бајонтек“ изјавија дека ја поддржуваат истрагата за МХРА.
Минатата недела, британската агенција за регулирање на лекови и здравствена заштита (МХРА) стана прва во светот што ја одобри вакцината, изработена од германски „Фајзер“ и „Бајонтек“, додека американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) продолжуваат со проценка на податоците.
„Фајзер“ рече дека луѓето со историја на сериозни несакани алергиски реакции на вакцини или нивни состојки биле исклучени од подоцнежните фази на студијата, што се рефлектира во протоколот за одобрување на итни случаи на МХРА.
Новите упатства за МХРА, испратени до здравствените работници, велат дека многу поширок сегмент не треба да се вакцинира.
„Секое лице со историја на значителна алергиска реакција на вакцина, лек или храна (како што е претходна историја на анафилактоидна реакција или на оние што се советуваат да носат адреналин автоинјектор) не треба да ja примаат вакцинаta, се naveduva.
Исто така беше речено дека треба да има опрема за реанимација при секоја вакцинација.