Нашиот спор со С. Македонија има два аспекти – прво, ние ги сведовме соседските односи и дијалозите на историски спорови, што е само по себе неприфатливо во процесот на преговори, и второ – ветото не стави во аголот со проблематичните земји на ЕУ, како што се Полска и Унгарија, изјави Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи и директор на канцеларијата во Софија, во програмата „Светот е бизнис“ на „Блумберг Бугарија“.
„Ако ги оставиме настрана нашите односи со соседите, кои во моментов се наоѓаат на многу ниско ниво, Бугарија се претвори во неразбран партнер за сите земји на ЕУ. Затоа се осмелувам да кажам дека сме оставени сами во спорот со Скопје“, вели таа.
Според Чернева, последиците од бугарското вето врз европското членство на С. Македонија ќе бидат директни и Софија повеќе нема да може да смета на соработката и, пред сè, на разбирањето од страна на Брисел.
„Фондот за обновување, Зелениот договор и трансформацијата на бугарскиот енергетски сектор зависен од јаглен се сите фактори на кои им е потребна помош од блокот. Но, по нашето „не“, барањата и желбите на Софија ќе бидат „глас во пустината“, смета Чернева.