Битиќи: Падот на економијата на одредени држави во регионот и некои држави членки на ЕУ е поголем од падот на макдонската економија

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата Топ тема на Телма истакна дека во време на пандемија кога се соочуваме со човечки жртви се непотребни обвинувања.

Но, и покрај тоа што вршиме јавни функции, ние сме луѓе, доблесни и треба да се сплотиме во решавањето на проблемите, поточно во битката со пандемијата. Кризата не дојде поради Фатмир Битиќи, Зоран Заев или Христијан Мицкоски, дојде во март, тука е денеска и ќе биде и наредниот април, без оглед кој ќе дојде, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека падот на економијата во нашата земја во споредба со земјите од регионот и со државите од ЕУ покажува дека сме на средина.

Имаме раст од 17% од вториот во третиот квартал, рече Битиќи.

Тој додаде дека ние имаме пад од 3,3 проценти, а Франција од 3,9.

Денеска треба да видиме дали невработеноста е зголемена и дали се сочувани работни места зошто се сочувани и дали можевме и обезбедивме средства за и помогнеме на и онака кревката економија, потенцира Битиќи