Висок број на починати во едно деноноќие, тројно зголемена потрошувачката на лекови

од Берта Китинска
192 прегледи

Вчера беше регистриран нов црн рекорд, во однос на бројот на починати лица од ковид во земјава.Министерството за здравство соопшти дека 46 лица го загубија животот од ковид, а најголемиот број се од Скопје.

Предходно на 28 ноември, беше забележан највисокиот број на смртни кога беа регистрирани 41 починат пациент.

И покрај зголемената побарувачка на одреден број на лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој, сподели министерот за здравство Венко Филипче.

За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Будно ја следиме состојбата со ковид-19, бројот и приемот на пациенти.

Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники. Доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид пациенти.

Во однос на кадарот, ќе бидат испратени и дополнителен број на лекари во сите ковид центри на интерните клиники.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69.954, бројката на оздравени пациенти е 46.352, на починати е 2.023, а бројот на активни случаи изнесува 21.579.

Слични содржини