Црни бројки во Бугарија: 127 починати од коронавирус

од Nikola Popovski
136 прегледи

Бугарското министерство за здравство објави дека 3 328 е бројката на нови случаи на Ковид-19 за изминатите 24 часа, при што биле извршени 8 578 ПЦР-тестови. Регистрирани се 127 починати.

Најмногу се заразени во Софија – 614, по што следи Пловдив со 325 и Варна со 321.

Бројот на активни случаи повторно се зголемил и изнесува 94.132, од кои 6.998 се хоспитализирани. 544 лица се во критична состојба и се сместени во единиците за интензивна нега.

Трет последователен ден, бројот на излекувани е над 3000. Последниот ден се пздравени 3050 луѓе.

Слични содржини