САД забележаа најголем број на смртни случаи од коронавирус за еден ден – 3.054 лица починаа во средата.
Во земјата, повеќе од 106.000 луѓе се хоспитализирани поради коронавирус, а во некои држави болниците се полни и медицинските експерти предупредуваат дека работите може да се влошат во следните недели, доколку граѓаните продолжат да ги игнорираат предупредувањата за патувања низ целата земја и големите собири.
Експертите сметаат дека зголемувањето на бројот на болни и починати се должи на опуштеноста на населението за време на Денот на благодарноста.
Претседателот Доналд Трамп беше жестоко критикуван за начинот на кој се справи со кризата, а новоизбраниот претседател Џо Бајден вети дека ќе ја стави ситуацијата под контрола.
САД се најтешко погодени од коронавирусот, со повеќе од 15 милиони случаи и 289 000 смртни случаи.