„За татковината со љубов“ е неформално советодавно тело иницирано од Битиќи, а неговата цел е поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државни политики и придонес за економски развој на земјата тука се вклучени и луѓе од опозицијата кои може да помогнат, вели во интервјуто за Утрински Брифинг премиерот Зоран Заев
-Од духот на внатрешното помирување не смее да се откажеме. Малку сме, браќа сме. Во такви околности секогаш треба да правиме тенденции кад еможе да се помириме, да застанеме зад проекти. Дали е „За татковината со љубов“, дали е иницијативата во парламентот каде што Филипче разговара со сите за „Клиничкиот центар“, вели Заев.
Министри од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски и Кирил Миновски ќе станат дел од советодавниот тим „За татковината со љубов“ на вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Се работи за поранешните вице-премиер и министер за финансии во владите на Никола Груевски.
Веста беше потврдена од вицепремиерот Битиќи на „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, кој иако одбегна директно да одговори на прашањето, изјави дека „може да каже дека и тие двајца си ја сакаат татковината“ .