468
Плоштадот Македонија светна во полн новогодишен сјај.
-Центарот на Скопје светна во полн новогодишен сјај. Традиционално и оваа зима, иако во вонредни околности, на градскиот плоштад се постави новогодишното осветлување, заклучно со вклучувањето на големата новогодишна елка во самиот центар. Оваа година, дури и повеќе од останатите е убаво да се потсетиме дека Новата Година симболизира испраќање на старата и дочекување на нови почетоци со нови позитивни желби. А оваа прекрасна празнична атмосфера која секоја година е извор на неизмерно уживање и радост за најмладите би требало да послужи да нѐ потсети токму на тоа, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.