243
„Срушени се сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродавал македонскиот идентитет, потопени се сите лаги на Христијан Мицкоски дека се распрачувала нашата татковина. Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски“, соопшти портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција“, вели тој.