Албанската полиција се обидува да го спречи протестот, бара почитување на мерките

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Пред најавениот протест во Тирана поради смртта на 25-годишното момче, кое беше убиено од полицаец затоа што го прекршил полицискиот час воведен за борба против коронавирусот, албанските власти побараа почитување на забраната за јавни собири поради пандемијата.

Во насилните демонстрации во центарот на Тирана во средата, стотици луѓе се судрија со полицијата и се обидоа да упаднат во државните згради. Според властите, 16 полицајци и двајца демонстранти биле повредени.

Протестите избувнаа откако ноќта помеѓу понеделникот и вторникот беше застрелан 25-годишниот Клодијан Раша, бидејќи тој не реагирал на наредбата на полицијата да запре. Заради тоа е приведен еден полицаец.

Протестите за смртта беа претежно организирани преку социјалните мрежи.

Полицијата ги повика демонстрантите да ги почитуваат мерките, вклучително и забраната за собирање на повеќе од 10 лица, задолжителна употреба на маски, социјално дистанцирање и почитување на полицискиот час во текот на ноќта.

„Собирите и митинзите се кршење на правилата за коронавирус“, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека властите нема да дозволат протести, но дека организаторите и учесниците „ќе се соочат со силата на законот“.

Слични содржини