Мехмети: Македонските политички елити треба да се ослободат од српскиот памет

524 прегледи

Во своето гостување на 24 анализа, Ким Мехмети, беше запрашан за својот коментар кој пропагира дека македонскиот народ и историја прозилегуваат од српскиот народ. Велите дека Белград ја напиша историјата на македонскиот народ…

„Ова е мој коментар на мојата веб страница, ова не е колумна. Кога мислам на македонскиот народ, мислам на елитите. Македонско-бугарските односи мене или ми наштетуваат или ме прават горд. Овој мој коментар го објавија само албанските медиуми, а ниту еден македонски медиум. Македонските политички елити, треба да се ослободат од српскиот памет. Јас велам дека историјата на македонскиот народ ја напиша Белград. Лиценците до вчера ги даваа исклучиво од Србија. Јас се сум учел на македонски јазик. Кодифицирањето на македонскиот јазик и АСНОМ го создадоа титовите Комунисти“, вели Мехмети.

„И нас Албанците, како и Македонците бевме учени дека наши непријатели се Турците. Не е случајно, што сите споменици што ги имате во македонските градови, ги има во бугарските градови. И македонските пејачи сакаат да успеат во Белград“, додава Мехмети.