Мехмети: ВМРО-ДПМНЕ да е коректна треба да го прогласи Заев за нејзин почесен претседател

од Nikola Popovski

Денес немате прогони, но тоа воопшто не значи дека вие имате подобро судство од тогаш, вели политичкиот аналитичар Ким Мехмети во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, пример за ова е процесот „Дурмо турс“.

-Од 2019 година има 100 рочишта, нема никаков заклучок. Тоа значи некој саботира. Изгореа луѓе во болницата во Тетово. Така се проценуваат нештата, не само дали некој затворате. Тоа да, но што ми вредите вие, што не прогонувате луѓе, а од страна може да дојде некој да ви ја запали куќата и ништо ќе викаме само вештаци, смета Мехмети и додава дека ако ВМРО-ДПМНЕ е коректна партија треба да го прогласи Заев за нејзин почесен претседател.

– Заев успеа нешто што не се очекуваше. Успеа да ја натера ДУИ да го погази зборот, односно во државата да владеат победниците на изборите. ДУИ го погази правилото, дека овде треба да се владее според некои правила. За мене, по многу нишани Македонија и не е држава, туку банана-држава, вели Мехмети.

Слични содржини