Во своето гостување на Топ тема, премиерот Зоран Заев, потенцира дека се исцртани линиите, но со тек на времето, додека се градела креативноста на разговорите со Бугарија.
„Ако однапред ги исцртате со црвените линии, нема да имате за што да разговарате. Се отвораат можности за разговори, за што се враќате дома и треба да помине парламент, Влада… Ако се собереме со Мицкоски и Ахмети и се докажуваме кој е појак, ќе си останеме на опашката надвор од секаде“, посочи Заев.
„Денес видовме дека праксата и праграмата во политиката одат заедно. Со стоењето во место губиме. Хрватска беше зад нас во 2005. година, а видете ги каде се сега“, додаде тој.