Медиумските напади врз руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ се обидуваат да ги сокријат проблемите со вакцините во другите земји, изјави шефот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев, во интервју за „Првиот канал“.
„Тоа е обид да се сокријат низата проблеми што се појавија со нашата сопствена вакцина, меѓу другото, дека нема долгорочна докажана безбедност со ниту една вакцина што сега ја помина третата фаза (клиничко испитување). На пример, гледаме силни алергиски реакции на вакцината (на американската компанија) „Фајзер“ во Велика Британија“, рече Дмитријев, коментирајќи ги нападите на медиумите и лажните вести за „Спутник“ во странство.
Според Дмитријев, појавата на напади врз руската вакцина е поврзана и со фактот дека западните земји треба да им објаснат на своите граѓани зошто Русија веќе започнала со вакцинирање на населението, а тие не.
Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на ковида 19, која беше развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции.