ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО се појави на социјалните мрежи, наводно, снимено како азербејџанските трупи погубуваат ерменски цивил. Ерменија тврди дека тоа е само едно од низата воени злосторства извршени за време на неодамнешниот конфликт во Нагорно Карабах.
Видеото, за кое автентичноста не е потврдена, покажува како војниците му го пресекуваат вратот на еден постар човек, Ерменец, кој живее на оваа територија, пренесува „Русија денес“.
Инцидентот се случи откако ерменскиот министер за надворешни работи разговараше со неговиот француски колега во Ереван, каде тој тврди дека се одвива етничко чистење во Нагорно Карабах.
Тој исто така предупреди дека условите на тековниот прекин на огнот може да не се задржат, велејќи дека „со започнување на воена агресија, Азербејџан и Турција ги прекршија своите меѓународни обврски и дека Азербејџан ги прекрши своите обврски во мировниот процес“.
Претходно видео се појави во октомври, предизвикувајќи стравувања дека во конфликтот се случуваат воени злосторства. На видеото се гледаат двајца заробени Ерменци, по што се застрелани.
Ерменските официјални лица ги идентификуваа како Беник Хакобјан (73) и Јури Адамјан (25).
Советот на Европа потврди дека содржината на снимката е очигледна повреда на човековите права, но истрагата на Азербејџан следниот ден утврди дека станува збор за лажна снимка.
Баку, исто така, го обвини Ереван за сторени слични повреди.
Да потсетиме, двете земји постигнаа примирје во ноември и беа со посредство на рускиот претседател Владимир Путин. Русија потоа донесе војска во регионот за да создаде бариера меѓу двете страни.
Патем, има бројни предупредувања бидејќи се повеќе вознемирувачки снимки пристигнуваат од регионот дека ова е „информативна војна“ и дека многу снимки се неточни.