Русија ги повлекува своите трупи од Нагорно Карабах

од Симе Стоиков

Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, некогаш де факто независен ерменски регион во Азербејџан од кој Ерменците масовно заминаа откако Азербејџан го зазеде во воена операција, потврдија официјални лица од двете земји.

Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.

Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.

Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно бидејќи Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.

Слични содржини