Министерот за внатрешни работи на Албанија поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska
681 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Сандер Лешај, поднесе оставка во четвртокот по смртта момчето убиено од полицијата за време на полицискиот час воведен во рамките на борбата против новиот коронавирус.

Сандер Лешај „поднесе оставка и јас го прифатив тоа“, рече премиерот Еди Рама на телевизија.

Во исто време, силите за спроведување на законот користеа солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите кои фрлаа камења и палеа предмети, пренесува „Франс Прес“.

Откако беа отстранети од Министерството за внатрешни работи и владиниот штаб, мали групи демонстранти се повлекоа на соседните улици.

Повредени осум полицајци 

Демонстрантите ја осудуваат смртта на Клаудијан Раша (25), кој беше убиен од полицаец во вторникот за време на полицискиот час воведен во рамките на борбата против пандемијата на коронавирус. Неговото семејство рече дека тој излегол да купи цигари.

Според Министерството за здравство, осум полицајци биле повредени, еден потешко, додека двајца демонстранти биле примени на одделот за итни случаи во болница во Тирана по судирите претходниот ден меѓу полицијата и демонстрантите.

„Правдата ќе биде извршена“, вети премиерот, осврнувајќи се на „непростливата фатална епизода“, за која верува дека не го одразува „расположението на полицијата“.

Осомничениот полицаец е уапсен.

Слични содржини