Спасовски за акцијата во Арачиново: Имаме индиции каде е останатата марихуана

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за ТВ21 изјави дека МВР има индиции каде се наоѓа преостанатата марихуана која беше украдена од с. Јосифово. МВР откри само 230 килограми од 2 тони.

„Тоа беше добра и голема акција која ја спроведовме, и покажа дека имаме нулта толеранција кон вакви активности. Истрагата се проширува и е во тек. Сега не би сакал дополнителни детали да изнесуваме, постојат уште многу информации, многу индиции кои ќе ја заокружат приказната и ќе го заокружат до крај процесот. Важно е дека влезено во трага на криминалците, но тука има вклучување на други лица, истрагата до крај ќе ги покаже сите аспекти. Ова е само дел од акцијата“, изјави Спасовски.

Спасовски на прашањето дали МВР има сознание каде е другата количина, одговори: „Еден дел од таа дрога е пронајдена во Арачиново. Имаме индиции каде е останатата количина.“, изјави министерот.