Во САД рекордни 3.124 луѓе починаа од коронавирус за еден ден

од Vladimir Zorba
206 прегледи

САД објавија најголем број смртни случаи од последици од инфекција со коронавирусот за еден ден.

Во изминатите 24 часа 3.124 лица починаа во САД, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Тоа е повеќе смртни случаи отколку во терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, кога беа убиени 2.977 лица.

Во болниците во Соединетите држави има повеќе од 106.000 пациенти со коронавирус.

До минатата недела, кога за еден ден починаа околу 3.100 луѓе, најголем број смртни случаи за едно деноноќие беа регистрирани на 15 април – 2.603.

Во САД, повеќе од 290.000 луѓе починаа како резултат на инфекцијата, а потврдени се повеќе од 15 милиони заразени од почетокот на епидемијата.