Меркел во сосема поинакво издание: На раб на солзи удирајќи со раката по говорницата

од Stefanija Kuzmanovska
551 прегледи

Иако Германија е земја која во моментов има некои од најстрогите мерки во Европа за да се спречи ширењето на коронавирусот, бројките во таа земја не се намалуваат.

За време на вчерашната дебата во парламентот за државниот буџет за следната година, канцеларката Ангела Меркел одржа многу необичен и емотивен говор за овие мерки.

Со еден сугестивен говор, канцеларката се обиде да укаже на потребата да се воведат уште построги мерки на ограничувања на јавниот живот што е можно поскоро, на територијата на целата земја.

Меркел гестикулираше нетипично за време на говорот, удираше со рака по говорницата, па дури и скоро молеше.

Иако им се обраќаше на пратениците, се чинеше како да им се обраќа на сите граѓани.

Според „Дојче веле“, тоа требаше да биде говор во кој Ангела Меркел ги сумира своите 15 години на функцијата, но пандемијата го смени тоа.

Слични содржини