249
„На денешната средба со коалициските партнери во Владата информирав за состојбата со коронавирусот и актуелните информации во однос на вакцинацијата. Драго ми е што имаме силна поддршка од сите партнери во менаџментот на кризата“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Следниот период е исклучително важно да се воспостави ефикасен и брз протокол за вакцинација на граѓаните за што интензивно се подготвуваме. Веќе ја уплативме првичната сума за вакцините кои ги обезбедуваме преку КОВАКС системот од каде треба да ни пристигнат 833.000 вакцини, додава тој.