САД објавија најголем број смртни случаи како последица на коронавирус и најголем број на новозаразени за еден ден.
Во изминативе 24 часа, во САД починале 3.309 лица, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Претходниот најголем број на смртни случаи за еден ден, САД го објавија во четвртокот – 3.124.
Регистрирани се повеќе од 231.700 новозаразени лица, околу 4.000 повеќе од претходниот американски рекорд, пријавен на 5 декември.
Зголемувањето на бројот на новозаразени и мртви доаѓа на денот кога американските власти ја одобрија употребата на вакцина против коронавирус од компаниите Фајзер и Бајонтек.
Испораката на вакцини во болниците ќе започне во понеделник.
Во Соединетите Американски држави, повеќе од 296 000 луѓе починале како резултат на инфекцијата, а повеќе од 15,9 милиони заразени лица биле потврдени.
Според двата критериума, САД се убедлив лидер во светот.