Германија воведува „локдаун“

од Берта Китинска
442 прегледи

На состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со премиерите на покраинските влади, беше договорено Германија да воведе карантин од 16 декември до 10 јануари. Евентуалното продолжување ќе се разгледа на 5 јануари.

Според нацртот на документот на федералната влада,  продавниците ќе бидат забранети од среда, 16 декември до 10 јануари, со исклучок на маркетите и аптеките.

Исклучок ќе биде помеѓу 24 и 26 декември и нема да има исклучоци за новогодишната ноќ.

Ќе се дозволи работа во банки, пошти и бензински пумпи. Во исто време, ќе се укине обврската за присуство на училишни часови.

Федералната влада објаснува дека се потребни нови мерки затоа што претходните не дале резултати.

„Сè уште бележиме постојано голем број новозаразени секој ден“, се вели во документот. Во Германија, мерките за затворање се во сила од почетокот на ноември, вклучително и забрана за угостителски објекти, како и културни и спортски објекти.

Слични содржини