Гарчевиќ: Бугарија своите внатрешнополитички прашања ги претвора во проблем на Брисел

од Берта Китинска
292 прегледи

Професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ смета дека одредени членки на ЕУ, како Бугарија, иако имаат проблем со сопствениот имиџ, ја користат сегашната ситуација во Унијата своите билатерални или подобро речено внатрешнополитички прашања, да ги претвораат во проблем со кој треба да се занимава Брисел.

– Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина, да не кажеме никогаш. Така, прашањата на периферијата на Унијата, како што се идентитетски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија стануваат добра причина за да се забави процесот на приближување кон ЕУ, иако земјата-кандидат, во случајов Северна Македонија, ги исполни сите обврски во овој момент. Слично искуство има и Косово со визната либерализација, наведува Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле.

 Според него, одлуката на ЕУ да не ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија е потврда дека регионот е заборавен во мноштвото други теми со кои е прекупирана ЕУ, а последиците од ваквиот пристап се многу сериозни, не само за регионот, туку и за самата Унија.

– Кога партнерот се чувствува запоставен, тој се врти кон некој друг, зарем не? Засилувањето на национализмот и шовинизмот, идејата за прекројување на границите и падот на популарноста на ЕУ се одвива паралелно со засиленото присуство на Русија и Кина. Москва, и се повеќе Пекинг, се покажуваат како посакувани алтернативи за незаинтересираната и ситничава ЕУ, смета Гарчевиќ.

Слични содржини