Полицијата уби маж кој пукаше од огнено оружје во близина на група граѓани собрани на Божиќен концерт на отворено пред црква во Њујорк.
Тројца полицајци испукале вкупно 15 куршуми кон вооружениот човек, изјави пред новинарите началникот на полицијата во Њујорк, Дермот Шеа.
„Напаѓачот најмалку еднаш беше ранет во главата и почина“, рече Шеа.
Никој од слушателите не е повреден во пукањето, нагласи тој.
Полицијата нашла две пушки на местото на инцидентот, а во близина имало вреќа со резервоар полн со бензин, јаже, жица и неколку ножеви.
Новинарка на АФП, која била сведок на инцидентот, изјавила дека видела човек како отвора оган од скалите на катедралата Свети Јован во Менхетен на крајот од попладневниот концерт на отворено, кога слушателите, неколку стотици од нив, почнале да се разотидуваат.
Сведокот Марта Столи раскажала: „Не нишанеше никого конкретно, Извикуваше ‘убијте ме, застрелајте ме’“, пренесува Хина.