Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс смета дека враќањето во нормала за Соединетите држави е подалеку отколку што луѓето очекуваат, и покрај фактот што вакцината беше дистрибуирана оваа недела.

Гејтс, кој донираше милиони за вакцинацијата, рече дека до летото 2021 година, САД „треба да бидат многу поблиску до нормалното отколку што се сега“, но дека целосното враќање во нормала ќе биде можно дури по 2022 година.

Милијардерот за Си-ен-ен во неделата изјави дека постои ризик од враќање на вирусот „ако не им помогнеме на другите земји да се ослободат од оваа болест и ако стапките на вакцинација во САД не се високи“, пренесува Индекс.

Гејтс смета дека големите собири треба да продолжат да се забрануваат и рече дека „за жал, повеќето кафулиња и ресторани во земјата треба да бидат затворени за да се ограничат стапките на инфекции. Тој рече дека кафулињата и рестораните во САД треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци.

Вистинското враќање во нормала, смета тој, е можно само по 12-18 месеци доколку се направи се што е потребно за да се потисне инфекцијата. Гејтс изрази загриженост и за неподготвеноста на Доналд Трамп да ги признае претседателските избори, за што тврди дека ја отежнува дистрибуцијата на вакцината.

„Пренесувањето на моќта го комплицира ова, но новата администрација е подготвена да се потпре на вистински експерти, а не да ги напаѓа тие експерти“, рече Гејтс.

Слични содржини