На денешната владина прес конференција по повод 100 дена Влада, Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, посочи дека таа е приоритет на оваа Влада
– Наше е да донесеме резултати, иако сме попречени од доста пречки на тој пат. Ова е голем мотив. Изминаа 100 дена откако ја добивме довербата и затоа имаме обврска да бидеме отчетни и транспарентни кон вас граѓаните. Трчаме маратон, а не спринт. Донесовме нови кодекси за однесување на членовите на владата. Опфатени се сите од највисоко до најниско ниво. Ги задолживме во овој поглед сите иституции, да ги објават во рок од 30 дена сите документи кои се од висока важност за граѓаните и од јавен карактер. Ни треба систем во кој чесните и заслужните ќе бидат наградени, а не казнети. Воспоставивме на дневно ниво разговори со голем број на иституции. Сите заедно детекриравме низа на слабости и пропусти. Има што да се работи во периодот и мандатот кој го започнавме. Увидовме дека контролата е клучна, особено во вонредни услови какви што имаме оваа измината година. Нема друг пат освен независност, транспарентност и одговорност, истакна Николовски.