Заменикот на претседателот на Владата и министер задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска при презентирањето на работата на Владата за првите 100 дена, изјави дека ќе продолжи да бара решенија на спорот со соседна Бугарија и нема да се откаже.
„Отежнати ни се разговорите лице во лице во рамки на преговорите. Но, сепак една од клучните работи во предвиденото ја сработивме. На земјата претседавач со ЕУ, Германија и се заблагодарувам. Браниме чисти вредности, и ќе продолжиме да бараме решение со соседна Бугарија, а ние нема да се откажеме. Во октомври добивме извештај кој ни покажа дека одлично работиме. Започнавме со сеопфатна политика и ќе ги земеме најдобрите европски практики. Ве уверувам дека спроведувањето на реформите нема да престане. Иако звучи апстрактно, но токму овие мерки ќе донесат промени преку видливи проекти за кои ќе бидеме ангажирани сите во Владата. Има пречки, но нема друга алтернатива, што значи дека ќе си ја донесеме Европа дома“, истакна вицепремиерот.