Заев: Нема законски измени со кои функционерите ќе бидат обврзани да кажат колку државјанства поседуваат

272 прегледи

На денешната владина прес конференција посветена на 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање врзано за владините функционери, односно дали со законски измени тие ќе објават дали и колку државјанства поседуваат.

„Во моментот Владата нема планирано законски измени за избраните и именуваните функционери пред стапувањето на функција задолжително да соопштат дали имаат повеќе од едно државјанство, но вредно е за размислување.

Дали имаме, немаме, ќе размислиме, ќе разгледаме, секоја иницијатива е вредна, а ние сме Влада што внимателно слуша, така што во моментот немаме, но во иднина сакам да ги слушнам сите аргументации. Ќе ги разгледаме и меѓународните пракси, европските тенденции и пракси какви се, сето тоа што народот и новинарите го предлагаат е вредно за разгледување“, одговори Заев.

Слични содржини