Заев: Официјално угостителските објекти ќе работат до 18 часот, забрана за групирање на отворен и затворен простор

263 прегледи

Премиерот на Владата, Зоран Заев ги објави официјалните резултати донесени на денешната владина седница, а се однесуваат на новите рестриктивни мерки пред претстојните празници.

„Не смееме на крајот на чекор од вакцината за неразумно празнување. Владата ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести. Угостителските објекти ќе работат со ограничено работно време,односно до 18 часот и се забранува групирање на отворен и затворен простор. Целта е да издржиме уште малку, и поради празнување да си нанесеме штета.“

Како што посочи премиерот, во овој период треба да бидеме совесни и да празнуваме одговорно. На само чекор од добивањето на првите дози од вакцината, Заев порача дека треба да се воздржиме од секаква компликација во однос на здравјето.