Заев: На одговорност на граѓаните е групирањето во домовите

161 прегледи

Премиерот, Зоран Заев на новинарско прашање на денешната прес конференција, одговори дека препораките и мерките се дадени, а на одговорност на граѓаните е нивната одлука за групирање во домовите, вилите и останатите туристички места.

„Очекувам и функционерите да бидат одговорни. Ние мораме да бидеме пример. Не ги ограничуваме граѓаните да празнуваат, апелираме да празнуваме одговорно. Дефинитивно, граѓаните можат да заминат во вилите во Маврово или некое друго туристичко место. На одговорност на граѓаните е ако во домот се групираат, бидејќи законитоста на домот е уставно регулирана. Но, апелираме на одговорност, и веруваме дека ќе преземеме се“, вели Заев.