Американскиот претседател Доналд Трамп, со оглед на овластувањата што му се дадени со Уставот и законите на Соединетите Американските Држави, на 10ти декември прогласи дека САД ја признаваат целата територијата на Западна Сахара како дел од Кралството Мароко.
Во прокламацијата подетално се вели:
„Соединетите држави ја потврдуваат, како што е наведено од претходните администрации, својата поддршка за предлогот за автономија на Мароко како единствена основа за праведно и трајно решение на спорот за територијата на Западна Сахара. Затоа, од денес, САД го признаваат мароканскиот суверенитет над целата територија на Западна Сахара и ја потврдуваме поддршката за сериозниот, кредибилен и реален предлог за автономија на Мароко, како единствена основа за правично и трајно решение на спорот за територијата на Западна Сахара.
САД веруваат дека независната држава Сахрави не е реална опција за решавање на конфликтот и дека вистинската автономија под мароканскиот суверенитет е единственото изводливо решение. Ги повикуваме страните да се вклучат во дискусии без одлагање, користејќи го планот за автономија на Мароко како единствена рамка за преговори за заемно, прифатливо решение. За да го олеснат напредокот кон оваа цел, Соединетите држави ќе го охрабрат економскиот и социјалниот развој со Мароко, вклучително и на територијата на Западна Сахара, и за таа цел ќе отворат конзулат на територијата на Западна Сахара, во Дакла, за да ги промовираат економските и деловните можности за регионот.“