Италијански лекар со страшно предупредување пред претстојните празници: ЌЕ НИ СЕ ПОВТОРИ…

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Џузепе Иполито, научен директор на најпознатата болница за заразни болести во Рим и член на италијанскиот Техничко-научен комитет, издаде сериозно предупредување пред празниците, како кон оние што ќе одлучат за „заклучениот“ Божиќ во Италија, така и на граѓаните, за последиците од премногу релаксација.

Предупредувањето доаѓа од најкомпетентното место, од експерт кој се сретна со вирусот уште на крајот на јануари годинава: „Ако не внимаваме за претстојните празници, ќе имаме март 2021 година, ист како тој од оваа“.

Иполито зборува само со факти и ја нагласува математичката реалност:

– Во Италија, просечно 600 луѓе умираат дневно од почетокот на ноември, и се чини дека овие црни податоци имаат мал интерес – рече Иполито и објасни од каде потекнуваат ваквите црни бројки и зошто Италија е прва земја во Европа според смртни случаи од пандемијата.

– Освен фактот дека, по Јапонија, имаме најстаро население во светот, италијанскиот здравствен систем не е соодветно опремен, немаше потребни инвестиции со години, и тоа сега се манифестираше пред оваа состојба. Ако излезете од сферата на Ковид и разгледате други болести, јасно е прикажано, кој има родители со Алцхајмерова болест знае за што зборувам – вели д-р Иполито.

Истакнатиот италијански експерт додаде дека не може да им понуди на граѓаните бајки за некакво исчезнување на вирусот, дека нема волшебно стапче, па дури и вакцината да не донесе брз крај на проблемите со короната.

– Проблемот со пандемијата ќе остане во текот на целата 2021 година, а тоа е оптимистичка прогноза бидејќи до ноември треба да имаме најмалку 75 проценти од населението опфатено со имунитет на вакцината – објасни д-р Иполито.

Тој исто така ја истакна дилемата за тоа каков вид на заштита нудат новите вакцини, дали тие се ефикасни за спречување на болести, односно дали тие го штитат не само оној кој е вакциниран, туку и другите. Според него, доколку вакцината штити од болести, а не од заразување на други, таа служи само на оној што ја примил.

– Кој е вакциниран ќе има поголема слобода и помалку грижи, затоа е потребно да се убедат граѓаните дека тоа е за нивно добро, без да се наметнува задолжителна имунизација. Тоа ќе биде обврска за оние кои се професионално најмногу изложени на вирусот и потребно е да се заштитат оние кои ќе стапат во контакт со нив – рече италијанскиот експерт.

Пред почетокот на кампањата за вакцинација во Италија, која започнува во средината на јануари, д-р Иполито заклучува:

– После сè што преживеавме оваа година, треба ли да имаме било каква дилема дали да примиме вакцина, што се покажа како ефикасно во 95 проценти од случаите и што ни овозможува да се вратиме во живот од пред една година, во кино, на стадион или за вечера со пријателите.