184
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека првите количини, „најмалку две“, а можеби и три вакцини против коронавирус, ќе пристигнат во земјата пред крајот на годината.
Вучиќ денеска посочи дека почетокот на вакцинацијата ќе зависи од здравствените власти, но додаде дека верува оти ќе започне „во декември, а најдоцна во јануари“.
„Ќе ги имаме првите количини од најмалку две, а се надевам и три вакцини, пред крајот на годината, што ќе покаже дека Србија е меѓу земјите што успеала да ги добие и двете вакцини од различни дестинации благодарение на угледот во светот“, рече Вучиќ од Инџија, каде присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот за фабриката на јапонската компанија „Toyo Tires“, пренесува Бета.