Заев: Имав намера да свикам лидерска, но ставот на Мицкоски ме разубеди

од Берта Китинска
225 прегледи

Премиерот Зоран Заев изјави дека не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук дека на средбата ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на здравствениот систем и за неуспехот со Бугарија.

Тој изјави дека на добрата негова намера добил несоодветна реакција од шефот на опозицијата Христијан Мицкоски.

– Не се согласувам со тие негови прашања.За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. Се справуваме со коронавирусот и подобро од многу поразвиени земји, но не сакаме честа и достоинството на здравствените работници да ја погазиме на лидерска средба заради ставовите на еден лидер од опозицијата за кои може да се каже дека се забегани. Затоа не гледам причина да свикам лидерска средба, ќе барам други алатки да информирам за разговорите со Бугарија.Со еден ваков апел, што е неразумно, хистерично, неодговорно, би кажал и забегано, не ја гледам причината за свикување лидерска средба. И веројатно ќе ги барам другите алатки за информирање на јавноста”, изјави Заев.