Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави соопштението на Европската агенција за лекови дека ќе објави евалуација на вакцините на „Фајзер и Бајонтек“ пред католичкиот Божиќ.
– Се чини дека првите граѓани на Европа ќе бидат вакцинирани пред крајот на 2020 година – изјави фон дер Лајен на својот профил на Твитер.
По објавата на Европската агенција за лекови дека ќе ја претстави својата проценка на првата вакцина против Ковид-19 на 21 декември, претседателката на Европската агенција за лекови оценила дека „секој ден ссе мета“ и дека во ЕУ се работи „со полна брзина“ за ефективната и безбедната вакцина против Ковид-19 биде одобрена што е можно поскоро.
Претходно, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, повика на забрзување на процесот. Велика Британија прва ја одобри вакцината изработена од фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ и веќе им ја дава на своите жители, а САД вчера ја почнаа својата програма за вакцинација со оваа вакцина.
За разлика од САД и Велика Британија, Европската Унија не издава одобренија за итни случаи за вакцинација, што значи дека постапката мора да се спроведе според вообичаената процедура.