НБА sвезда ги исфрли сопругата и детето од дома поради неговата љубовница

од Nikola Popovski
261 прегледи

Кошаркарот на НБА, Малик Бизли го привлече вниманието на медиумите поради неговиот бурен љубовен живот.

Во саботата, 24-годишната НБА ѕвезда беше фатена како флертува со Ларс Пипин (46), за која на Инстаграм напишал дека го прави среќен. На почетокот на овој месец, двајцата биле фатени како се држат за рака додека купуваат, а приказните за нивната афера станаа сè погласни.

Кога се појавија фотографии на Интернет, сопругата на Бизли, Монтана Јао, немала идеја дека нејзиниот сопруг е со Ларс.

„Леле, јас воопшто не го познавам тој човек“, изјавила Јао, која има дете со кошаркарот.

Минатата недела, Јао, моделка и раперла, на Инстаграм тврди дека на неа и нејзиното дете им било кажано дека мора да го напушти семејниот дом во рок од 10 дена поради скандалот. Јао им се заблагодарила на своите следбеници за поддршката, но исто така признала дека останала прилично збунета и дека не добила извинување.

Слични содржини