Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, прифати повеќе кадровски решенија, соопшти владината прес-служба.
Николче Бабовски е разрешен од должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија.
Никица Бачовски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Зоран Атанасов е разрешен од должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија.
Драги Чавдаров е избран за независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост;
Бојан Лазаревски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија;
Есад Рахиќ е разрешен од должноста в.д. директор на КПУ Затвор Скопје и е избран за управител на Трговско Друштво Нафтовод Дооел Скопје;
Филип Андов е именуван за вршител на должност директор на КПУ Затвор Скопје;
Менфи Илјази е разрешен од должноста директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, на негово барање, и е именуван за вршител на должност заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.
Адмир Ујкановиќ е именуван за директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија.
Зоран Исајловски е отповикан од управител на Трговско Друштво Нафтовод Дооел Скопје.
Фатмир Идризи го именува за заменик на директорот во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.