СДСМ: Мицкоски ти немаш став ниту за сопствените барања

од Берта Китинска
212 прегледи

СДСМ преку соопштение реагира на обраќањето на претседателотна ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и му порачуваат дека тој прави само поделби.

-Мицкоски не може да понуди никакви решенија, не може да нуди решенија оној кој прави само проблеми, поделби и лажни вести.

Мицкоски, граѓаните во тебе не гледаат решение, туку само блокатор на се што е добро за државата. Тоа досега требаше да ти стане јасно, по шесте изборни порази и издишаните протести што народот не ги поддржа.

Мицкоски ти немаш став ниту за сопствените барања. Еднаш бараш лидерска средба, па потоа велиш дека нема да одиш, за денеска пак да бараш.

Граѓаните одбраа и одбираат сигурност, развој, напредок и стабилност и добро знаат дека тоа со Мицкоски не е возможно. Затоа шест пати го казнуваат на избори и го остваат во опозиција, велат од СДСМ.