Блокирано потпишувањето на договорот на С. Македонија со Фронтекс поради „македонски јазик“

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Договорот на ЕУ со Северна Македонија со Фронтекс се уште не е потпишан поради Бугарија која не се согласува со употребата на „македонски јазик“ во договорот.

„Референцата „македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти“, се вели во писмениот одговор од ЕК до МИА, од каде побарале одговор до каде е потпишувањето на овој договор.

Договорот е инициран во јули 2018, но до денес не е потпишан. Од Комисијата не биле во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.

Слични содржини